Екипата на Македонија Ѓорче Петров забележа победа против составот на Овче Поле со високи 37-21 во плеј-офот од Првата лига.
Составот на Македонија Ѓорче Петров уште на полувреме имаше високо водство од 20-10. Во второто полувреме тимот на Македонија Ѓорче Петров продолжи со високото водство против Овче Поле, па на крај да слави победа.
Најефикасен во тимот на Македонија Ѓорче Петров беше Мартин Бучуковски со седум гола, додека кај Овче Поле најефикасен беше Иван Димчевски со шест гола.
(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷