Екипата на Македонија Ѓорче Петров оствари убедлива победа против новиот прволигаш Овче Поле со резултат 34-26 во Првата лига.
Македонија Ѓорче Петров добро го започна натпреварот и на полувреме имаше предност од 16-10. Во второто полувреме Македонија Ѓорче Петров продолжи со добрата игра, за на крај да се радува на триумф против Овче Поле.
Најефикасен во екипата на Македонија Ѓорче Петров беше Максимилијан Гиноски со девет погодоци, додека кај екипата на Овче Поле најефикасен беше Димитрија Крстев со десет погодоци.
(фото-Рк Македонија Ѓорче Петров)📷