Машката сениорска репрезентација на Македонија ја совлада Грција со убедливи 39-21 на стартот од Медитеранските игри.
На полувреме Македонија имаше високи 20-13. Во второто полувреме Македонија продолжи да го полни голот на Грција за на крај да слави убедлива победа на Медитеранските игри.
Најефикасен во селекцијата на Македонија беше Мартин Серафимов со седум погодоци, додека кај селекцијата на Грција најефикасен беше Елефтериос Пагиатис со пет погодоци.
(фото-МОК)📷