Македонија ја совлада Турција во Ван

Репрезентацијата на Македонија ја совлада Турција во Ван со убедливи девет гола, 36-27 во второто коло од квалификациите за ЕП 2024 година.

Македонија во првото полувреме цели 14 минути не прими гол и имаше водство од 0-9, до крајот на полувремето разликата беше уште поголема. Во второто полувреме немаше дилеми околу победникот на овој натпревар, па Македонија забележа победа против Турција.

Најефикасен кај селекцијата на Македонија беше Филип Талески со седум гола, додека кај селекцијата на Турција најефикасен беше Каракоч исто така со седум гола.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести