Сениорската репрезентација на Македонија ја совлада Чешка со 27-25 и се пласира на Светското првенство во 2023 година што ќе се одигра во Полска и Шведска.
Од почетокот на првото полувреме Македонија беше во водство и на полувреме имаше предност од 14-12. Во второто полувреме Македонија исто имаше водство, Чешка се обидуваше да се врати но не доволно за победа.
Најефикасен кај Македонија беше Филип Кузмановски со девет гола, додека кај Чешка најефикасен беше Јакуб Хрстка со пет гола.


(фото-РФМ)📷