Машката сениорска репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Швајцарија со резултат 29-27.
Селекцијата на Македонија беше во водство во текот на целиот натпревар, па на крајот успеа да триумфира против Швајцарија.
Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Марко Митев и Ненад Костески со по пет гола, а Мартин Томовски имаше 13 одбрани. Кај селекцијата на Швајцарија, Енди Шмид имаше 11 погодоци.
(фото – РФМ)📷