Македонија ќе биде домаќин на Светско првенство за младинци (ФОТО)

Македонија и градот Скопје ќе бидат домаќини на големо светско ракометно натпреварување.

На Ракометната федерација на Македонија и е доверена организацијата на Светското првенство за младинци, кое ќе се одржи во периодот 23 јуни до 4 јули 2027 година.

На ова престижно натпреварување ќе настапат најдобрите млади ракометари до 21 година од целиот свет, а Македонија и градот Скопје повторно ќе бидат во фокусот на светската ракометна сцена.

Ракометната федерација на Македонија продолжува посветено да работи на развојот и популаризацијата на ракометот, како и на промоцијата на Македонија како домаќин на големи меѓународни спортски настани.

(фото – РФМ)📷




Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *