Македонките и Локомотива Загреб со пораз стартуваа во ЛШ

Македонските интернационалки Леонида Гичевска, Сања Дабевска и Андреа Седлоска кои настапуваат за тимот на Локомотива Загреб со пораз стартуваа во Лигата на шампионите.

Локомотива Загреб загуби од тимот на Рапид Букурешт со 27-31 во првото коло од Лигата на шампионите. Гичевска и Дабевска имаа по еден погодок, додека Седлоска немаше погодок на овој натпревар.

На останатите натпревари Будуќност го совлада Кастамону со високи 40-27, ФТЦ триумфираше против Оденсе со 27-23, додека Вајперс Кристиансанд го надигра тимот на Брест Бретањ со 31-24.

(фото-ЖРК Локомотива Загреб)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.