Македонките Моника Јанеска и Ивана Гакидова со тимот на Коњалти обезбедија осминафинале во Европскиот Куп, откако со две победи го совладаа тимот на Галичанка Лвов, првиот натпревар заврши со 30-26, додека вториот натпревар заврши со 30-28.
Тимот на Чаир загуби од Макаби Аразим Рамат Ган на првиот натпревар од Европскиот Куп со резултат 33-30.
Екипата на Кобержице го совлада ПАОК со резултат 26-23. Во тимот на Кобержице настапува македонската ракометарка Зорица Десподовска и имаше пет погодоци, додека во ПАОК настапува Александра Боризовска и имаше четири погодоци.
Сања Цветкоска и нејзиниот тим ГАС Артас загубија од Војводина со 22-20. Составот на Михаловце загуби од Луги со конечни 33-25, во Михаловце настапува Александра Коловска.
(фото – ЖРК Коњалти)📷