Македонски ракометарки беа дел од програмата “Почитувај го својот талент” (ФОТО)

Во рамки на Европското првенство, во спортската сала „Верде“ во Подгорица се одржа едукативната програма “Почитувај го својот талент”, организирана од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

На овој настан присутни беа ракометарките Софи Гошевска, Дарија Наумоска, Дона Тодоровска, Анастасија Трпеска и Михаела Кралева.

Програмата беше водена од вистински ракометни легенди – Ана Грос, Катрин Лунде и Ана Вјахирева, кои ги споделија своите искуства и совети со идните ѕвезди на европскиот ракомет.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *