Македонски тренери и играчи на ракометната академија организирана од Драган Ѓукиќ

Во градот Кладово (Србија) од страна на ракометниот тренер Драган Ѓукиќ се организира ракометната академија “Handball 4all” (Ракомет за сите), на кои учествуваа и македонски тренери и играчи.

Оваа година се одржува 12 издание на академијата, а учесници од Македонија се тренерите Горан Кузманоски и Стевче Алушовски, како и ракометарите на Рк Прилеп, Христи Бикоски, Владимир Трајкоски и Лео Дамчески.

На турнирот гости се и французинот Алан Порт поранешен селектор на Алжир, предавач со ИХФ и ЕХФ значка е Германецот Клаус Фелдман, предавач е и Александру Булиган, тука се и Бранко Тамше, Александар Петровиќ, Бојана Јелачиќ и Драган Шкрбиќ. На оваа академија учесници има и од другите држави.

(фото-Handball 4all)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.