Мала екипа со големо срце, Прилеп го совлада Скопје 2020

Екипата на Прилеп го совлада тимот на Скопје 2020 на домашен терен со минимални 19-18 во плеј-аутот од Супер лигата.

Во првото полувреме беше неизвесно и драматично, па на полувреме се замина со нерешени 10-10. Во второто полувреме Прилеп беше во водство, но Скопје 2020 успеваше да се доближи, ама сепак бодовите останаа во Прилеп.

Најефикасен во составот на Прилеп беше Реваз Чантурија со шест гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Дамјан Јакимовски со пет гола.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести