Екипата на Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со централниот бек Марио Танкоски, кој останува до 2025 година.
Танкоски дојде во Еурофарм Пелистер во пролетта 2020 година и со својот професионализам, пристап и човечност целосно се поклопува со клупските вредности. Средниот бек претходно настапуваше за екипите на Металург и Струга.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷