Екипата на Еурофарм Пелистер на домашен терен загуби од составот на ПСЖ со 31-25 во Лигата на шампионите.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски.
“Лошиот влез во натпреварот не чинеше многу. Потоа цело време бркавме резултат. Против екипа како ПСЖ, тоа е тешко. Тие се екипа од светски калибар имаат тројца европски прваци, имаше и сребрени и бронзени… Промашените пенали исто така не чинеа за попристоен пораз. Сите дадовме максимум и се боревме, а резултатот е горе-долу реален”, – изјави Марио Танкоски.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷