Екипата на Вардар ја очекува натпревар против екипата на Порто на домашен терен од групната фаза од Лигата на Европа.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Вардар, Марио Танкоски, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа.
„Не очекува многу важен натпревар со Порто за пласман во наредната фаза на Европската Лига. Според сите нас, ова е најважниот меч за нас и единствена опција е да го добиеме. Со победа нема да бидеме сигурно во следна фаза, туку правиме голем исчекор кон нокаут рундата, а тоа е наша цел. Имаме шанси за да ја исполниме целта и покрај повредените играчи. Годинава немаме загубено меч во Јане Сандански и се надевам дека тоа ќе продолжи така“, – изјави ракометарот на Вардар, Марио Танкоски.
Средбата меѓу Вардар и Порто е закажана за утре, вторник со почеток во 20:45 часот во СЦ „Јане андански“.
(фото – Рк Вардар 1961)📷