Марио Танкоски потпиша за Вардар 1961!

Македонскиот бек Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на Вардар 1961. Повремениот македонски репрезентативец кој игра на позицијата среден бек ќе го облече „црвено-црниот“ дрес и доаѓа како играч од кого многу се очекува во иднина, играч кој има огромен потенцијал.

Танкоски потекнува од Струга од каде доаѓаат голем број на ракометни таленти и докажани ракометари. Во својата кариера Танкоски играл за екипата на Металург 2, потоа за Металург и по четири сезони поминати во Битола се враќа во Скопје. Зад себе има две титули и еден Куп на Македонија.

Марио Танкоски во репрезентацијата на Македонија играше на СП 2019 година и на ЕП 2020 година.

„Се радувам на моето доаѓање во Вардар после неколку неуспешни обиди. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на управата и на стручниот штаб, и секако на добри резултати во следните сезони”, – изјави Марио Танкоски.

Танкоски ќе му се стави на располагање на тренерот Владо Недановски во средината на јули кога апочнуваат подготовките на тимот.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести