Десното крило Марио Шоштариќ го продолжи договорот со екипата на Пик Сегед до 2025 година.
Марио Шоштариќ во унгарскиот тим пристигна во 2016 година и тој досега синиот дрес го облече на 222 натпревари, постигнувајќи 751 гол на сите средби. Шоштариќ досега има настапувано за Горење Велење и тимот на Марибор.
“Драго ми е што успеав да го продолжам договорот до 2025 година. Сегед е мојот втор дом. Овде се чувствувам одлично, мислам дека добро се вклопив во тимот. Го сакам мојот тим, го сакам клубот, градот, сакам се овде. И моето семејство го чувствува истото. Затоа, многу сум среќен што останувам овде и ќе го продолжиме нашето патување заедно со клубот”, – изјави Марио Шоштариќ.

(фото – Рк Пик Сегед)📷