Екипата на Астибо, која има високи амбиции за следната сезона во Женската Супер лига задржа важна ракометарка во своите редови.
Станува збор за левиот бек Марија Анчева, која прикажува добри партии во тимот на Астибо и ќе остане и наредната сезона.
Ракометарката Марија Анчева освен што настапува за првиот тим на Астибо, таа е тренер и на пионерската екипа.

(фото – ЖРК Астибо)📷