На свечена церемонија „Спортист на годината 2025“, организирана од Општина Штип, две ракометарки на Астибо заслужено добија значајни признанија за своите врвни остварувања.
Марија Анчева беше прогласена за најдобар спортист во сениорска конкуренција на Општина Штип за 2025 година.
Ана Насева доби пофалница во категоријата пионери, како признание за најдобар млад спортист на годината и нејзиниот голем потенцијал.

(фото – ЖРК Астибо)📷








