Екипата на Чаир продолжува да го формира ростерот за следната сезона, па така донесе уште една ракометарка во своите редови.
Станува збор за средниот бек Марија Галевска, која доаѓа од редовите на Овче Поле Славјански Универзитет.
Станува збор за ракометарка кojа сезонава игра повторно на високо ниво, креативна, енергична, со одличен преглед на играта. Нејзиното враќање на форма веднаш го подигна квалитетот на Овче Поле, особено во нападот.
(фото – ЖРК Чаир)📷