Марија Илиева и Силвана Карбеска со медали од финалето од Лигата на Европа, честитки и од РФМ

Судиската двојка Марија Илиева и Силвана Карбеска добро го отсудија финалето од Лигата на Европа во женска конкуренција.

Исто така тие се закитија и со медали кои беа доделени на Ф4 турнирот по завршувањето на финалето од Лигата на Европа.

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) упати честитки до судискиот пар Марија Илиева и Силвана Карбеска.

“Ракометна Федерација на Македонија упатува честитки до женскиот судиски пар Силвана Карбеска и Марија Илиева за одсуденото финале помеѓу ракометните клубови Икаст и Турингер. РФМ им посакува успех во понатамошната судиска кариера”, – стои во соопштението на РФМ.

(фото – Фејсбук/Силвана Карбеска)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *