Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за натпреварите од 5. коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Македонската судиска двојка Марија Илиева и Силвана Карбеска ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Есјберг и Вајперс Кристијансанд.
Натпреварот е закажан на 13 октомври со почеток од 14:00 часот, а делегат ќе биде Зузана Фулеова од Словачка.
(фото – Архива)📷