Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите и делегатите за осминафиналето од Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Македонската судиска двојка Марија Илиева и Силвана Карбеска ќе го судат натпреварот меѓу Рапид Букурешт и ЦСМ Букурешт.
Натпреварот меѓу Рапид Букурешт и ЦСМ Букурешт ќе се одигра на 23 март со почеток од 16:00 часот во салата “Поливалента” во Романија.
(фото – Архива)📷