Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиите за натпреварите од 3. коло од Европскиот Куп во машка конкуренција.
Судиската двојка Марија Илиева и Силвана Карбеска ќе судат два натпревари во Европскиот Куп.
Во сабота на 15 ноември ќе им судат на екипите на Будванска Ривиера и Тримо Требње, додека на 16 ноември во недела ќе им судат на екипите на Извиѓач и Дуделанж.
(фото – Архива)📷








