Марија Николиќ ја заврши ракометната кариера

Ракометарката на ПАОК и поранешната репрезентативка на Македонија, Марија Николиќ на 28 години реши да стави крај на ракометната кариера.

Таа по 19 години активно играње ракомет со повлекува од ракометните терени. Николиќ долги години настапуваше во Металург и во тимот на ПАОК, а настапуваше и за репрезентацијата на Македонија.

“По 19 години време е да се збогуваме. Бидејќи луѓето околу мене и мојот тим знаеја за мојата одлука да дека ќе ја завршам мојата ракометна кариера, го чекав тајмингот да го објавам. Ви благодарам на сите што бевте дел од мојата кариера и ми помогнавте да ги живеам моите соништа, особено на моето семејство и пријателите бидејќи тие ми беа најголемата поддршка сите овие години. Сега е време за ново поглавје во мојот живот, кое се надевам дека ќе биде барем исто толку успешно како претходното”, – напиша на социјалните мрежи Марија Николиќ.

(фото-Инстаграм/Марија Николиќ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести