Македонката Марија Штериова која игра на позицијата лев бек после четири години се враќа во Браила.
Марија Штериова која има 30 години потпиша за романскиот тим Браила. Освен во Глорија Бузау, настапуваше и за Баја Маре, Кастамону, Вардар, Жито Прилеп.
„Со задоволство го прифатив предлогот на клубот на Дунареа Браила да се приклучам на иден спортски проект со големи амбиции. Среќна сум што се вратив во градот каде што го започнав ова прекрасно патување во Романија”, – изјави Марија Штериова.
(фото – ЖРК Дунареа Браила)📷