Маркета Јерабкова потпиша договор со Икаст од Данска

Маркета Јерабкова не лето го напушта европскиот првак Вајперс Кристиансанд, и ќе се пресели во данскиот тим Икаст.

Таа со екипата на Икаст потпиша договор на три сезони. Јерабкова потекнува од Чешка, и има 26 години, настапува на позицијата плејмејкер.

„Ќе биде интересно. Прекрасно е да се види арената и сите луѓе околу клубот, па едвај чекам да дојдам во Икаст. ИБФ Арената изгледа одлично и со нетрпение очекувам да играм овде во полна сала. Имам многу добар впечаток за клубот и со нетрпение очекувам да помогнам да се победат натпреварите. Тоа ќе биде целта за мене“, – изјави Маркета Јерабкова.

(фото – ЖРК Икаст)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести