Марко Каевски потпиша нов договор со тимот на Бутел Скопје

Кадетскиот репрезентативец Марко Каевски ја продолжи верноста кон Бутел Скопје. Левото крило потпиша нов договор и ќе остане во клубот најмалку до 2026 година.

Каевски во моментов настапува во младинските категории на Бутел Скопје, а во јануари ќе биде дел од кадетската репрезентација што ќе се бори за место на Европското првенство во Црна Гора.

Претходно Бутел Скопје ја продолжи соработката и со средниот бек Петар Цветковски и уште еднаш покажа дека мисли на иднината.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести