Марко Мишевски: Одиме на победа против Охрид без разлика на каков меч играме

По една седмина пауза од домашен ракомет поради ЕХФ репрезентативната недела, ракометарите на Вардар повторно се враќаат кон своите обврски. Почнува одбраната на Купот што лани го освоија „црвено-црните“.

Во полуфиналето Вардар во сабота од 17 часот се среќава со Охрид, и победникот од тој меч ќе игра со победникот од средбата меѓу Јуниор Кисела Вода и Скопје.

„Мотивацијата за секој меч е висока. Одиме на победа без разлика на каков меч играме. Се измачивме во Охрид на претходниот дуел. Квалитетен тим се. Имаат некои нови играчи, но нема со што да не изненадат. Знаеме каков им е квалитетот”, – изјави Марко Мишевски.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести