Марко Мишевски: По триумф во Прилеп за продолжување на успешниот старт на сезоната

Ракометарите на Тинекс Пролет добро ја стартуваа новата сезона, бележејќи две победи во стартните три рунди од Супер лигата, а имаа еден пораз од Еурофарм Пелистер.

Марко Мишевски е еден од ракометарите кои дојдоа летово и веднаш оставија трага врз играта на Тинекс Пролет, давајќи значаен придонес како во нападот, така и во одбраната.

„Сакаме да завршиме во Топ 6, а за такво нешто потребно е да се слави и надвор од својата сала. Ќе сториме се за да славиме во Прилеп, иако ни е јасно дека воопшто нема да ни биде лесно. Прилеп е добра екипа, има квалитетни бекови и крила што ќе мораме да ги неутрализираме за да стигнеме до посакуваниот резултат. Работевме добро во изминатите денови, се подготвивме за она што не очекува и оптимисти сме дека ќе успееме да стигнеме до победата“, – изјави ракометарот на Тинекс Пролет, Марко Мишевски.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *