Левото крило, Марко Срдановиќ (25) потпиша двегодишен договор со Вардар 1961, со можност за уште една сезона доколку клубот е задоволен од неговите игри.
Тој доаѓа од тимот на Металопластика од Шабац со кој оваа сезона го освои Купот на Србија. Срдановиќ (182 см. 80 кг.) веќе е дел од подготовките на тимот на Вардар и ќе игра на позиција каде ќе настапува заедно со Марио Стојановски кој лани беше прекомандуван од младинските категории, а сега постојано ќе биде со сениорите.
Тој е дел од неколкуте нови ракометари што сезонава ќе го засилат Вардар. Србинот лани на постигна 120 голови за Металопластика со сите натпреварувања, а зад себе има и интернационално искуство со настап во Леотар од Требиње.

(фото – Рк Вардар 1961)📷