Еден од најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција, Марко Стојанов, е нов ракометар на Бутел Скопје.
Струмичанецот кој потекнува од Астраион и досега настапуваше само за матичниот клуб игра на левата бековска позиција.
Марко Стојанов (185/72) има 19 години и со Бутел Скопје се обврза на соработка на три сезони.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷