Екипата на Тинекс Пролет се засили со четири нови ракометари во пресрет на претстојната натпреварувачка сезона во која тимот повторно ќе биде дел од Супер лигата.
Станува збор за ракометарите Марко Трајковски, Кристијан Давитковски, Марко Мишевски и Бојан Солев.
Ракометарите Марко Трајковски и Бојан Солев доаѓаат од екипата на Фруитленд Борец, додека Кристијан Давитковски доаѓа од редовите на Бутел Скопје, а Марко Мишевски доаѓа од Франција.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷