Екипата на Тиквеш ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Охрид во плеј-офот од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Тиквеш, Мартин Димовски, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Охрид.
,,Во четврток играме со искусна екипа која е во ТОП 4 екипи во Македонија. Знаеме за колкав ривал станува збор и знаеме колку тежок ќе биде натпреварот. Се спремавме добро и мислам дека добро го познаваме противникот и неговите слабости, па со помош на публиката и навивачите се надеваме дека бодовите ќе останат во Кавадарци”, – изјави ракометарот на Тиквеш, Мартин Димовски.
(фото – ГРК Тиквеш)📷