Екипата на Тиквеш ја очекува натпревар од 7. коло од Супер лигата против екипата на Бутел Скопје.
Натпреварот меѓу Тиквеш и Бутел Скопје ќе се одигра во сабота на 12 октомври со почеток од 18:00 часот во салата “Јасмин”, во Кавадарци.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Тиквеш, Мартин Димовски, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа.
“Во сабота не очекува тежок и возбудлив натпревар против тимот на Рк Бутел. Секогаш е предизвик да се соочиме со квалитетен противник, но нашиот тим е подготвен и мотивиран да даде се од себе на теренот. Напорно трениравме оваа недела и веруваме во нашите способности. Ова е одлична можност да покажеме тимска игра и заедничка борбеност пред нашите навивачи. Покана до сите да не поддржат од трибините и да ни дадат дополнителен поттик да оствариме победа. Заедно сме посилни”, – изјави ракометарот на Тиквеш, Мартин Димовски.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷