Мартин Иванов е нов ракометар на Куманово

Македонскиот кадетски ракометен репрезентативец Мартин Иванов е нов ракометар на Куманово.

Младиот ракометар игра на позиција десно крило и е роден 2006 година, а во кумановскиот суперлигаш доаѓа од тимот на Фруитленд Борец.

“За мене како млад ракометар е ново поглавје во мојата спортска кариера. Се надевам дека укажаната шанса ќе ја искористам максимално и ќе се обидам на тимот да му помогнам наредната сезона да избори место во првите шест екипи”, – изјави ракометарот Мартин Иванов.

(фото – МРК Куманово)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *