Екипата на Ваљадолид, која има високи амбиции за новата сезона во лигата на Шпанија, го промовираше Мартин Карапалевски.
Македонскиот ракометар Мартин Карапалевски, кој настапува на позицијата среден бек, во новата сезона ќе настапува за екипата на Ваљадолид.
„Многу сум среќен што сум во тим со голема традиција и што ќе работам со Давид откако работевме во тимот на Вардар 1961 веќе пет години”, – изјави Мартин Карапалевски.

(фото – Рк Ваљадолид)📷