Екипата на Тиквеш, во натпревар од 5. коло од Супер лигата ќе игра против екипата на Алкалоид.
Тимот на Тиквеш овој натпревар го игра на домашен терен, а своја изјава имаше и ракометарот на домаќинот Мартин Манасков.
,,Очекуваме тежок натпревар против екипата на Алкалоид, моментално тие се во одлична форма и играат доста квалитетно, но ние сме подготвени да го дадеме максимумот од нас на домашен терен! Треба да се фокусираме на нашата игра со помалку технички грешки и поголема борбеност во одбраната и да се надеваме на позитивен резултат’’, – изјави ракометарот на Тиквеш, Мартин Манасков.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷