Екипата на Амичитија Цирих каде што настапува Мартин Поповски обезбеди финале во Купот на Швајцарија, откако во полуфиналето ја совладаа екипата на Берн со 26-23.
Мартин Поповски на овој натпревар имаше шест погодоци од исто толку обиди. Амичитија Цирих во финалето ќе игра со екипата на Винтертур, откако во второто полуфинале беше подобра од екипата на Кадетен Шафхаузен со 25-23.
(фото – Рк Амичитија Цирих)📷