Мартин Серафимов го спаси Алкалоид од пораз против Бутел Скопје

Екипата на Алкалоид се пласираше во финалето од четвртфиналната група 3 во Купот на Македонија, откако го совлада Бутел Скопје со минимални 25-24.

Се играше гол за гол, па на полувреме се замина со реми од 13-13. Во второто полувреме беше неизвесно и драматично, кога на крај во последните секунди Мартин Серафимов со погодок донесе победа за Алкалоид против Бутел Скопје.

Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Мартин Серафимов со 11 погодоци, додека кај екипата на Бутел Скопје најефикасни беа Мирко Мајиќ и Владимир Јефтиќ со по пет погодоци.

(фото – Рк Алкалоид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести