Екипата на Еурофарм Пелистер, која има високи амбиции во плеј-офот од Супер лигата потпиша нов ракометар.
Станува збор за ракометарот Мартин Серафимов, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.
Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.
Серафимов во Битола доаѓа од Алкалоид, а претходно го носеше дресот на Металург. Со потписот на 26-годишниот Серафимов клубот добива квалитет и инвестиција која ќе остави трага во клубот и градот.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








