Екипата на Тиквеш ја очекува натпревар на домашен терен против тимот на Тинекс Пролет во 13. коло од Супер лигата.
Ракометарот на Тиквеш, Марјан Велков изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Тинекс Пролет.
“Пред нас е еден многу важен натпревар против еден од кандидатите за плеј оф. Се подготвуваме максимално за овој дуел кој може многу да ни значи за пласман на едно од шесте места кои водат во плеј оф, ја имаме предноста на домашен терен и мислам дека со една добра игра од наша страна заедно со подршката од трибините и од нашите секогаш верни Лозари Исток ќе извојуваме победа и сите заедно ќе се радуваме”, – изјави ракометарот на Тиквеш, Марјан Велков.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷