Матеуж Пиеховски е ново засилување на Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објави дека нов член на клубот е полскиот кружен напаѓач Матеуж Пиеховски.

Повремениот полски репрезентативец, кружен напаѓач и ракометар со големо искуство низ европските лиги веќе е во Битола и му се става на располагање на стручниот штаб.

28-годишниот Пиеховски е дете на Висла, а настапувал и за шпански Адемар Леон, руски Виктор Ставропол, германски Емшдетен и турски Бешикташ.

210-сантиметри високиот Пиеховски играч за полската национална репрезентација и на големи натпреварувања, а низ кариерата настапувал и во сите натпреварувања на ЕХФ.

Пиеховски потпиша договор на една и пол година и официјално ќе биде претставен следната недела.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.