Матеј Трајановски поранешен ракометар на Вардар, оваа сезона настапува во вториот тим на Савехоф

Матеј Трајановски, кој е поранешен играч на Вардар, сезонава е дел од вториот тим на Савехоф, кој се натпреварува во првата дивизија во Шведска.

Матеј потекнува од ракометната школа Илинден, од каде доаѓа во Вардар, каде настапуваше за генерацијата на играчи родени 2004/05 година, под водство на Зоран Петковски – Зенга. Во 2020 година беше дел од новоформираната пионерска репрезентација на Македонија, а овој млад играч во својата биографија има забележано и настап за првиот тим на Рк Вардар, за кој се има запишано и во листата на стрелци, на натпреварите од СЕХА-лигата.

Трајановски кој игра на позицијата десно крило од сезонава го носи дресот на Савехоф, добра позната екипа во Шведска, настапувајќи за вториот тим на овој клуб, кој после три одиграни кола се наоѓа на второто место. На три одиграни натпревари, Матеј има постигнато и 6 голови.

(фото-Рк Савехоф)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести