Матија Николиќ во следните две сезони во дресот на Вардар 1961

Младиот српски бек Матија Николиќ успешно ги помина лекарските прегледи и потпиша двегодишен договор со Вардар, со можност за плус уште една. Тој веќе работи со екипата во Скопје и ќе продолжи на подготовките за новата сезона.

Николиќ има 22 години и во последните три сезони настапуваше во словенечкиот шампионат, каде го носеше дресот на Шкофја Лока. Таму се пресели во сезоната 2020/21, и тогаш на 26 меча даде 75 гола.

Сезонава исто така играше во Словенија и на 25 натпревари постигна 80 погодоци. Додека играше во Србија беше дел од Црвена Ѕвезда. Во своето „си-ви“ има настапи и за младинската репрезентација на Србија.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.