Махамаду Кеита е нов ракометар на Вардар

Французинот Махамаду Кеита (29) кој игра на позицијата лево крило е нов ракометар на Вардар. Клубот го потпиша играчот кој моментно настапува во шпанската АСОБАЛ лига за тимот на Анхел Хименез, а има и трофеј од настапи во Лига Европа.

Како дел од Бенфика, во 2022 година Кеита ја освои Лига Европа, и беше дел од тимот кој во финалето го победи Магдебург.

Кеита има искуство со настапи во три лиги, во Франција каде играше за ЦСМ и Иври, во Португалија настапуваше за Бенфика, а во Шпанија за Логроњо и за Анхел Хименез. Со Бенфика и со Логроњо беше дел од ЕХФ Лига Европа.

Во сезоната 2022/2023 како дел од Логроњо постигна 123 гола на 35 натпревари, а во моментов за Анхел Хименез има дадено 25 гола. 

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *