На покана на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, нејзината екселенција г-ѓа Ангела Агелер, беше одржан прием за машкиот сениорски национален ракометен тим.
Во рамки на посетата Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и селекторот Кирил Лазаров и подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на Светското Првенство 2025.
“РФМ упатува голема благодарност за приемот и подршката која ја добива до Амбасадата на Соединетите Американски Држави”, – напишаа на социјалните мрежи на РФМ.
(фото – РФМ)📷