Машката сениорска репрезентација на Македонија ги дозна противниците за Медитеранските игри кои ќе се одржат во градот Оран (Алжир).
Репрезентативците се најдоја во група Б и ќе се натпреваруваат со Шпанија, Турција, Грција и Алжир.
Во групата А ќе се натпреваруваат селекциите на Тунис, Словенија, Египет, Италија и Србија.
Натпреварите на Медитеранските игри ќе стартуваат на 26 јуни, а турнирот е закажан од 26 до 5 јули.
(фото-РФМ)📷