Селекторот Кире Лазаров ги собра ракометарите за подготовките за Европското Првенство во Унгарија и Словачка.
На првиот собир присуствуваа сите ракометари освен интернационалците кои имаат обврски со клубовите, и ќе се приклучат подоцна.
Селекторот Кире Лазаров направи една измена во составот, го повика младиот Марко Стојковиќ кој игра на позицијата пикер и ќе го смени Никола Маркоски кој е повреден, но ќе биде со тимот и ќе се следи неговата состојба.
Ракометарите денеска заминуваат на подготовки во Маврово каде ќе го одработат првиот дел од подготовките за на Европското Првенство.
(фото-Sportmedia.mk)📷