Машката Супер лига проширена, Женската Супер лига со нов систем

Денеска на Собранието што се одржа Управниот Одбор на РФМ најави неколку промени.

Од следната сезона машката Супер лига на Македонија ќе брои 16 екипи, екипите ќе бидат поделени во две групи од по осум екипи и ќе се игра еднокружно во регуларен дел. Најдобрите четири екипи од двете групи продолжуваат во плеј-оф, последните четири екипи ќе продолжат во плеј-аут.

Петтото место во плеј-аут ќе биде опстанок за Супер лига, додека шестата екипа ќе игра бараж со третопласиранот тим од Првата лига, а седмиот и осмиот тим во плеј-аутот испаѓаат во Првата лига.

Во женската Супер лига ќе се игра до две групи и ќе играат дома-гости. Првите четири екипи играат во плеј-оф, додека останатите четири екипи продолжуваат во плеј-аут.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.